During the First World War, this village was located on the actual front line (Macedonian Front) and here took place the famous battle for Grunishki Vis.
Grunishki Vis was occupied by the Bulgarian army as a strategic location. The Bulgarian army built numerous stone bunkers, machine gun nests, trenches dug in the length of several kilometers.In the battle for Grunishki Vis also participated Milunka Savic, one of the few woman soldiers in the First World War.
Within the village Grunishte and especially village cemetery there are many graves from the Serbian army.
“Vojvoda” (Duke) Vuk died during the attack on "Crna Chuka (Црна Чука)" on 29 November 1916.
In the middle of the village cemetery a senior Bulgarian officer is buried – General Clement Dzerov (Климент Џеров), who died on December 3th 1916 year in a shootout with Serbian volunteers. He was promoted to general after his death.
Битката за Грунишки Вис
За време на Првата светска војна, ова село се наоѓало на самата фронтова линија и тука се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.Грунишки Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите изградиле од камен многубројни бункери, митралески гнезда, ископале ровови во должина од неколку километри.
Од другата страна, нивни противници биле Србите. Во составот на српската војска дејствувал и Одредот на српските доброволци, кој броел околу 2.000 борци, предводени од познатиот четнички војвода Војин Поповиќ викан Вук Војвода. Српската војска била стационирана околу Груништа, a се војувало кај местото викано „Црна чука“. Во текот на битката двете страни имале огромни човечки загуби.
Во составот на Одредот на српските доброволци била и познатата српска четничка Милунка Савиќ, која ја преживеала битката за Грунишки вис.
На 29 ноември 1916. година при еден јуришки напад, загинал Вук Војвода.
Во рамките на селските гробишта, во горниот дел има над 50 гробишта од српската војска, од загинати во текот на битката. Исто така и низ селото има десетина српски гробови со надгробни споменици.
Во средишниот дел на гробиштата погребан е висок бугарски старешина, генералот Климент Џаров. Загинал на 03.12.1916 година, во престрелка со српските доброволци,
во близина на с. Груништа, еден ден по погребот на Вук Војвода. Посмртно бил унапреден во чин генерал.
Интерес побудува фактот што за неколку дена, во Груништа згаснале животите на двајца значајни историски личности. Вук Војвода загинал на 29.11., a генерал Климент Џаров на 03.12.1916. година.
По завршувањето на битката „Кај завојот на Црна“ дел од српската и руската војска имале задача да се префрлат на Кајмакчалан, со комплетното наоружување. За таа цел, тие пробиле пат - крак за Груништа кај местото викано „Рамништето“ каде на Бела Река во близина на вирот „Лочката“ изградиле мост, кој месното население го нарекол „Рускиот Мост“. На мостот, од градителите поставена е плоча со посвета, датирана, која и денес може да се види. Исто така и во делот под мостот сеуште постојат 3-4 српски гробишта со надгробни споменици.
0 Comments