At the proposal of the British military medical mission led by Colonel Dr. Hunter, a series of draconian measures were implemented in order to eliminate widespread epidemics in Serbia, which than also covered the area of Vardar Macedonia.
The civilians were forbidden to visit sick relatives, quarantines were imposed for all suspected cases, the flow of people was strictly controlled and the means of transportation of patients were disinfected daily. Also in certain areas was conducted mass disinfection of buildings and rooms where people gathered.
A key factor was the disinfection of clothing and bedding in order to successfully suppress the epidemic. The destruction of lice and their eggs in this poor and devastated country, was done using a variety of improvised devices for disinfection, using hot air and steam.
The proposal by the British physician Dr. Stummers first used metal barrels that had water on the bottom and were put on fire. In the inner part with the basket that prevented contact with water were placed clothes and bedding. In Kragujevac were made 100 such barrels, which as models associated with manual design and application were sent to different parts of Serbia.
Given that at that time in Serbia there were not so many metal barrels, the initial model was further modified and the clothing was put in an empty wooden barrel whose bottom was drilled. A container with water was placed over a fire and above it was placed the wooden barrel. The hot steam from the container penetrated through the barrel holes and it disinfecting the clothing. This new invention soon was named "Serbian barrel" and it has contributed greatly to minimize the epidemic of typhus in 1915.
Српско Буре
Огромен проблем кој ги засегало сите завојувани страни а особено цивилното население во Балканските Војни и Првата светска војна, биле заразните болести.На предлог на Британската воена медицинска мисија предводена од Полковник Др. Хантер (Dr. Hunter), серија на драконски мерки биле имплементирани со цел за елиминирање на епидемиите кои владееле во тогашна Србија, во чиј склоп бил и Вардарскиот дел на Македонија.
На цивилите им било забрането да ги посетуваат болните роднини, биле воведени карантини во кои се сместувале сите сомнителни случаи, протокот на луѓе бил строго контролиран и средствата за превоз на болни биле секојдневно дезинфицирани. Исто така во одредени делови била спроведена масовна дезинфекција на зградите и просториите во кои се собирале луѓето.
Клучен фактор бил и дезинфекцијата на облеката и постелнината со цел на успешно сузбивање на епидемијата. Уништувањето на вошките и нивните јајца во оваа тогаш сиромашна и опостушена земја, било правено со помош на најразлични импровизирани уреди за дезинфекција кои користеле топол воздух и пареа.
На предлог на Британскиот лекар Др. Стамерс (Dr. Stummers) прво се користеле метални буриња кои имале вода на дното и биле ставени над оган. Во нив во внатрешниот дел со помош на корпа која го спречувала контактот со водата биле ставани алиштата и постелнината. Во Крагуевац биле направени 100 вакви буриња, кои како модели пропратени со упатство за конструкција и примена биле пратени во најразлични делови на тогашна Србија.
Со оглед на тоа дека во тој период во Србија немало многу метални буриња, почетниот модел бил дополнително модификуван, односно облеката била ставана во празно дрвено буре чие што дно било избушено. Така, казан со вода бил ставен над оган а над него било поставено дрвеното буре. Топлата пареа од казанот продирала низ отворите на бурето и ја дезинфицирала облеката. Овај импровизиран пронајдок набргу го добил името „Српско буре“ и истиот придонесол во голема мера да се сузбие епидемијата на тифус која владеела во 1915 година.
1 Comments
Also, it was exacerbated by lice brought in by the invading and occupying Bulgarians.